Свет

Ирска: „Лидл“ ќе инвестира 200 милиони евра во нов дистрибутивен центар

18 Oct 2024

„Лидл“ побара дозвола за изградба на нов регионален дистрибутивен центар во Валингстаун, Корк во Ирска, вреден 200 милиони евра.

Трговскиот синџир сака да ја унапреди својата логистичка инфраструктура за да ги поддржи плановите за ширење на југот и југоистокот од државата.

 Новиот регионален дистрибутивен центар би бил четврти таков на „Лидл“ во Ирска, а втор во Корк, а во зависност од тоа кога ќе ја добие дозволата за изградба, центарот би бил отворен до 2030 година.

 Ова навистина е возбудлив момент за „Лидл“ затоа што сакаме да направиме значајна инвестиција во иднината на нашата логистика со нов, најсовремен регионален дистрибутивен центар во Корк. Оваа инвестиција е од витално значење за исполнување на идните потреби, за да се осигураме дека ќе можеме да продолжиме да им нудиме голема вредност на нашите купувачи во регионот, изјави Тара О’Конор, директорка во „Лидл“ – Ирска.

Трите дистрибутивни центри на „Лидл“ во Ирска опслужуваат 180 продавници на компанијата низ државата, при што „Лидл“ во моментов бара дозвола за изградба на уште шест продавниците во регионот Мунстер.

 

Извор: Business Plus

Фото: „Лидл“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...