Свет

Велика Британија: „Алди“ ќе го зголеми бројот на вработени во пресрет на Божиќ

17 Oct 2024

Во пресрет на божиќните празници „Алди“ најави вработување на 3.500 лица.

Компанијата е во потрага по лица за вработување кои ќе помогнат во пополнувањето на залихите, давање на помош на купувачите и одржување на високи стандарди на услугите за време на празничниот период, соопштуваат од компанијата.

Покрај тоа, понудата за вработување ги вклучува и менаџерските позиции, помошниците во продавниците и хигиеничарите.

Нашата мисија е да ја направавиме висококвалитетната храна да им биде пристапна на сите, а тоа уште поважно во ова време од годината. Нашите колеги се од суштинска важност на купувачите да им обезбедиме одлично искуство, а за да им се заблагодариме за нивната посветеност и оваа година ги затвораме продавниците на „Боксинг деј“, изјави Кели Строкс, директорка за вработување на „Алди“ – УК.

 Минатиот Божиќ беше рекорден за компанијата, која за прв пат ја надмина бројката од 1,5 милијарди за четири недели, до 24 декември.

Во однос на една година претходно, „Алди“ оствари раст на продажбата во декември од 8%. Од компанијата соопштија дека 22 декември им бил најпрометен ден со над 2,5 милиони купувачи.

 

Извор: InStore.rs

Фото: „Алди“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...