Свет

Кенија: „Хенкел“ целосно ќе користи струја од обновливи извори

14 Oct 2024

Компанијата „Хенкел“ соопшти дека во Наироби, Кенија, целосно користи електрична енергија од обновливи извори.

Локацијата во Најроби е меѓу осумте производни локации од деловната единица „Адесив технолџис“ на компании на Блискиот исток и во Африка, кои успешно преминуваат на обновливи извори на елекрична енергија, елиминирајќи  ги емисиите на Со2 од употребата на електричната енерогија, исто така познати како „Скоп2“. Со оваа промена се вклучени соларни инсталации и екстерни обновливи извори како што се  хидроелекрани и ветерници.

Ова е огромна пресвртница за нашиот тим и е клучен дел од широката визија на „Хенкел“. Гледајќи како овој проект, кој започна 2021 година се оствари годинава, беше возбудливо и трансформативно. Согласувајќи ги нашите цели со стратегијата за одржливост „2030+“ на „Хенкел“, не само што придонесуваме за глобалните амбиции, туку вришиме и опипливо влијание тука во Кенија, изјави Ненси Мвати, менаџерка на фабриката во Наироби.

Соларните панели на покривот на фабрикaта обезбедуваат 95% од дневните потреби за електрична енергија во оптималните денови, додека преостанатите 5% компанијата ги добива од екстерни обновливи извори.

Со ваквата одлука се очекува компанијата да елеминира околу 3,5 тони емисии на Со2 во Кенија.

Нашето преминување на извори на обновлива енергија, е многу повеќе од намалувањет на емисиите. Се работи за поставување на стандарди во Кенија и во регионот. Посветени сме во негувањето на иднината во која одржливоста и деловниот успех одат рака под рака, изјави Мвати.

 

Извор: InStore.rs

Фото: „Хенкел“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...