Свет

САД: „Пепсико“ бележи пад на приходите во третиот квартал

14 Oct 2024

Компанијата „Пепсико“ сопшти за изненадувачкиот пад на приходите во третиот квартал и ги намали своите прогнози за годишниот раст на продажбата.

Приходите во овој период, како што велат од компанијата, биле погодени од слабата побарувачка во САД, падот на продажбата на секторот „Куекер фудс“ и растечките геополитички тензии на одредени меѓународни пазари.

Нето приходите на компанијата изнесувале 23,32 милијарди долари, што е пад од 0,5% од 23,45 милијари долари, кои беа остварени во минатата година и е под очекувањата на аналитичарите за раст на приходите од 1,3% или на 23,76 милијарди долари.

Во остатокот од годината ќе продолжиме да инвестираме во комерцијалните активности и во поддршката на бредновите за да ја стимулираме побарувачката кај потрошувачите. Нашите инвестиции ќе бидат овозможени со унапредување и подигнување на продуктивноста во целата наша организација, изјави Рамон Лагуерта, извршен директор на „Пепсико“.

Компанијата ги намали своите прогонози за пораст на продажбата на „низок едноцифрен распон“ во однос на претходната прогноза од 4%.

 

Извор: ESM magazine

Фото: „Пепсико“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...