Една од најголемите компании за продажба на големо во светот „Метро Аг“ годинава одбележува 60 години од работата.
Првата „Метро кеш & кери“ е отворена во 1964 година во Германија во Мулхајм на Рур, набрзо после тоа компанијата ја отвора и својoт прв објект за големопродажба во Полска.
Големите сини продавници, екслузивните членски картици, огромните кутии со слатки, беа работите кои порано асоцираа на „Метро“. После шеесет години се залагаме за многу повеќе. Денеска „Метро“ е модерна компанија за продажба на големо, која нуди производи и услуги на професионалните купувачите во над 30 држави. Основата на нашата меѓународна соработка е нашата „Уан метро“ култура, која се заснива на тимската работа и секојдневните залагања на секој од вработените. Се трудиме да ги поддржиме нашите купувачи во тоа да ги направиме заедниците посебни места и да го збогатиме нашиот секојдневен живот со несекојдневни средби и можности. Тоа всушност го изразува и нашиот нов слоган, „Овозможување на моментите“, изјави Стефен Греубел, претседател на управниот одбор на компанијата „Метро Аг“.
„Метро Аг“ се истакнува со својот уникатен деловен модел фокусиран на давањето на поддршка на малите и средни претпријатија, угостителскиот сектор и на малите трговци. Компанијата нуди широк асортиман на производи од прехранбени артикли до опрема за домот, а клучен дел од нивниот пристап се иновативните дигитални решенија кои помагаат да го унапредат работењето.
Денес компанијата работи во над 30 држави, со над 600 продажни центри под брендовите Metro и Makro. Во компанијата вработени се речиси 90.000 лица. Во Србија „Метро“ има 9 објекти во седум градови и вработува 1.200 луѓе, како и 12 продавници „Јутро“.
Извор:Instore.rs
Фото: „Метро АГ“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.