Свет

Обединето Кралство: „Унилевер“ го рестриктурира синџирот на снабдување

10 Oct 2024

Компанијата „Унилевер“ соопшти за „Ројтерс“ дека во следниот период ќе инвестира над 150 милиони евра во рестриктуирање на синџирот на снабдување во Европа, во сегментот на производи за одржување на домот.

Од компанијата истакнуваат дека целта е да се компензирааат годините на „лошо работење„ и да се искористи интересот на купувачите по пандемијата.

Работењето во Европа на компанијата со овој сегмент на прозиводи во кој се вклучени трговските марки како што се Persil, Omo и Comfort, ќе се подобрува до 2026 година со изградба на фабрика и покренување на нови производни линии и отворање на нови складишта.

Целосно го редизајнираме нашиот синџир на снабдување во Европа, изјави за „Ројтерс“, Едуардо Кампанела, раководител на работата со производи за одржување на домот на „Униливер“ .

Тој изјави дека овие промени ќе му помогнат на „Унилевер“ повторно да инвестира во подобри производи, промоции и нови маркетиншки стратегии.

Не инвестиравме правилно во Европа затоа што немавме раст, а немавме раст затоа што не инвестиравме, изјави Кампанела.

 Оваа вест дојде откако неодамна компанијата најави дека до крајот на следната година ќе опушти  3.000 вработени во Европа. Укинувањето на работните места е составен дел од програмата за подобрување на продуктивноста која што беше најавена и со која се предвидуваат 7.500 откази.

 

Извор: Instore.hr

Фото: „Унилевер“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...