Свет

САД: „Фереро“ отвори нова фабрика

08 Oct 2024

„Фереро Норт Америка“ отвори нова фабрика за Kinder Bueno  во Блуминготн, како дел од инвестицијата вредна 214 милиони долари.

Фабриката кој се протега на површина од 15.700 квадратни метри, ќе отвори 200 нови работни места и ќе помогне во натамошната експанзија на производителот на пазарот, соопштуваат од компанијата.

Покрај брендовите како што се,  CRUNCH, 100 Grand и Raisinets, ова е воедно и прва фабрика на овој производител надвор од Европа.

Овој нов проект ќе ни помогне да го зголемиме неверојатниот замав и иновациите на „Фереро“ на американскиот пазар. Kinder Bueno брзо стана американски фаворит, откако пред пет години беше претставен, а преку поддршката на лидерите во Илиноис, заедницата на Блумингтон и на нашите ценети малопродажни партнери, како што е „Волмарт“, брендот ќе продолжи да расте и да напредува, изјави Мајкл Линдси, претседател и главен директор на „Фереро Норт Америка“.

Од своето лансирање на пазарот во САД, кон крајот на 2019 година, Kinder Bueno достигна на 17 место во продажбата помеѓу главните брендови на чоколада, а минатата година малопродажбата достигна над 214 милиони долари.

 

Извор: InStore.rs

Фото: „Фереро Норт Америка“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...