Компанијата „Кооп“ ќе поставува соларни панели на над 700 локации низ Велика Британија.
Планот за поставување на соларни панели е во согласност со целта на компанијата за постигнување на нулта – нето емиисии во своите операции до 2035 година.
Нашата инвестиција во производство на електрична енергија е дел од посветеноста на „Кооп“ во преминувањето кон „Нет зеро“ работење. Овој проект, покрај нашето инвестирање во купување на електрична енергија, е клучен за гаранцијата на електричната енергија која ја користиме во нашите операции да биде обновлива и следлива, изјави Хеатер Томас, директорка за одржливост во „Кооп“.
Инсталацијата ќе се одвива низ државата во следните три години, со цел да се испорачаат 30.000 мегават часови соларна енергија преку поставување на 76.000 соларни панели.
Во текот на следните 12 месеци, „Кооп“ тимовите за имот и набавка ќе работат со развојниот партнер „Зек реневабл енерџи“ на идентификација на соодветни локации за поставување на соларни панали.
Извор/Фото: InStore.rs
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.