Инфлацијата во Германија во септември повторо значително забави. Според прелимираните податоци, меѓугодишната стапка на растот на цените во малопродажбата паднала на 1,6 отсто, што е најниско ниво од февруари 2021 година.
За тоа придонесе цената на енергенсите, кои од август се поевтини за 7,6 отсто. Од друга страна, поскапеа храната и услугите, соопшти од Националниот завод за статистика „Дестатис“.
Стапката на инфлација во август била 1,9 отсто, после 2,3 отсо во јули.
Важната категорија на базната инфлација, во која вклучува се вклучени цените на енергените и храната има пад од 2,8 на 2,7 отсто.
Економистите проценуваат дека инфлацијата и понатаму ќе опаѓа. Водечките економисти од Институтите мината недела во заедничкиот извештај навеле дека за годинава очекуваат просечен пораст на малопродажните цени на стоките и услугите од 2,2 отсто, после 5,9 отсто во 2023 година.
Според истиот извор, стапката на инфлација ќе биде два отсто, што е еднакво со долгорочните цели на Европската централна банка.
Извор: „Дпа“
Фото: Pexels
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.