Свет

Велика Британија: „Алди“ ќе користи ХВО гориво за своите камиони

01 Oct 2024

„Алди“ ги соопшти плановите за преминување на хидротретирано растително гориво кое ќе го користат над 30% од теретните возила на компанијата.

Од компанијата соопштуваат дека со тоа ќе се намали јаглеродниот отпечаток за околу 15.432 тони годишно.

Преминувањето на ХВО горива на нашите камиони се вклопува во нашите долгорочни цели на одржливост и ја одразува нашата посветеност за намалување на јаглеродот. Секогаш бараме начини да ги засилиме нашите напори во покренување на позитивни промени во работата, а оваа промена е посебно значен чекор за „Алди“, изјави Лиз Фокс, национална директорка за одржливост во „Алди“.

Доколку оваа промена компанијата ја примени на целиот возен парк, кој сочинува 550 возила, тогаш би можело дополнитено да се елиминираат 55,130 тони Со2.

Со овој потег компанијата се приклучи на групата на компании во Велика Британија кои преминаа на ХВО гориво. Минатата година, „Пепсико“ најави дека ја зголемува употребата на ова гориво во својот синџир на снабдување во Велика Британија.

 

Извор: InStore.rs

Фото: „Алди“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...