Работата на „Лидл“ на меѓународно ниво може малку да ја зголеми профитабилноста во фискалната година 2023/2024. Ненадејниот пораст на каматните трошоци ја уништи подобрената бруто маржа и стабилноста на трошоците за човечки ресурси. Инвестициите во продавници и недвижности значајно опаднаа.
Автор: Себастијан Ренак, меѓународен ритејл аналитичар
„Лидл“ малку ја зголеми профитабилноста. Податоците за билансот на состојбата,кои пред крајот на минатата недела ги објави „Лидл стифунг & Ко. Кг“, за претходната фискална година 2023/2024 ( за крајот на февруари), појажуваат дека дисконтерот остварил поголема бруто маржа во своите странски подружници и успеал да задржи стабилни трошоци за човечките ресурси.
„Лидл фондација“ ја зголеми меѓународната нето продажба за 8,3% на 88,6 милијарди евра. Разликата во однос на нето продажбата од 125,5 милијарди евра, која беше најавена годинава, настанува поради тоа што германските и француските операции само делумно се уклучени во финансиските податоци на „Лидл стифунг“.
Спротивно на интензивираните ценовни војни на неколку пазари, во втората половина на финансиската година, „Лидл“ ја зголеми својата бруто маржа од 23,7% на 24,5%, иако сѐ уште е под нивото пред инфлацијата од 26,5%, што исто така беше референтна точка во претходните пет години. И покрај двоцифреното зголемување на платите во неколку држави, трошоците наменети за човечки ресурси останаа на истото ниво како и претходните години, на 8,4% од нето продажбата. Бројо на вработени со полно работно време има мало зголемување на 184.500, што е зголемување за 0,7%. Продуктивноста на вработените значително пораснала од 446 илјади евра нето продажба по вработен со полно работно време во 2022 година, на 480 илјади евра во 2023 година.
И покрај високата бруто заработувачка и стабилните трошоци за човечки ресурси, нето профитната маржа пораснала незначително, од 2,0% на 2,1%. Поради тоа каматните трошоци се дуплирани втора година по ред. Додека во 2021 година, дисконтерот платил 153 милиони евра или 0,23% од нето продажбата за сервисирање на финансиските обврски, во 2022 година таа бројка изнесува 360 милиони евра или 0,44% од продажбата. Во сегашниот извештај, показателите повторно се дуплирале на 728 милиони евра или 0,82% од нето продажбата. Во исто време, „Лидл“ ги намалил своите финансиски нето обврски за 15,7%, од 14,8 милијарди евра на 12,5 милијарди евра.
Повисоките трошоци на капиталот се одразиле на бавноста во отворањето на нови продавници. Во овој период „Лидл“ го забави ширењето и отвори нешто повеќе од 160 продавници, споредено со претходната година кога отвори 340 продавници. Како што се гледа од финансиските резултати за овој период, инвестициите во недвижности имале пад од 32,5% на 2,4 милијарди евра. За тековната финансиска година, дисконтерот дополнително го забави темпото на отворање на нови продавници, со само 42 новоотворени продавници во првите шест месеци од новата финансиска година.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.