Свет

Вештачката интелигенција може да го поттикне растот на бдп во јужна Европа за 11,5%

27 Sep 2024

Вештачката интелигенција (ВИ) суштински ги менува економските сектори, а до 2030 година би можела да придонесе за дури 11,5 отсто од бруто домашниот производ во јужна Европа, изјави Кристина Тихонова, генерална директорка на „Мајкрософт“ за Југоисточна Европа, на конференцијата во Порторож.

Две години од воведувањето на генеративната ВИ, оваа технологија фундаментално промени цели индустрии бидејќи ги подобрува услугите за вработените и купувачите, ги оптимизира деловните процеси и ги поттикнува иновациите, изјави Тихонова во обраќањето  во Порторож, пренесува „Сибиз“.

Како пет клучни лекции од подемот на ВИ, се наведува јасната потреба за воведување ВИ, мерливиот поврат на инвестицијата во оваа технологија, важноста на екосистемите, неопходноста од подготовка на податоци за вештачката интелигенција и важноста да се размислува за безбедноста прво, се наведува во  соопштението за медиумите.

Според првиот човек на „Мајкрософт“ за Југоисточна Европа, самиот дизајн на системот за вештачка интелигенција мора да биде безбеден. Воедно, таа посочи дека во светот компјутерскиот криминал е трета по големина економија, која годишно остварува 8.000 милијарди долари приход и расте за 15 отсто.

Тихонова посочи дека самиот дизајн на системот на ВИ мора да биде сигурен и дека светскиот компјутерски криминал престставува трета економија според големината, која остварува приход од 8.000 милијадри долари и има пораст за 15 отсто.

Извор:Biznis.rs

Фото: Pexels



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...