Организацијата за меѓународна економска соработка и развој (ОЕЦД), повторно ги ревидира прогнозите за годинешниот економски раст на Германија.
Во извештајот на ОЕЦД, за најголемата европска економија за годинава се прогнозира пораст од 0,1 отсто.
ОЕЦД и во мајскиот извештај ги намали очекувањата за Германија, од февруарските 0,3 на 0,2 процентни поени.
Во исто време, сега очекува пораст на глобалниот бруто домашен производ по стапка од 3,2 отсто.
Позитивни фактори се слабеењето на инфлацијата, порастот на заработувачката и лабавата монетарна политика во многу земји. Меѓутоа, остануваат бројни фактори на ризик, пред сѐ геополитичката напнатост и заострувањето на односите во меѓународната трговија, соопштуваат од ОЕЦД.
Економското закрепнување неочекувано може да забави и да го „олади“ пазарот на труд.
Извор: дпа
Фото: Pexels
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.