Компанијата „Шпар“ инвестира 51 милион евра во проширувањето на својот дистрибутивен центар во Грац, за да ја задоволи растечката побарувачка.
Со ова проширување ги засилуваме нашите логистички способности и ја потврдуваме нашата посветеност како сигурен локален добавувач. Остануваме фокусирани на тоа да бидеме водечки трговец со храна, давајќи им ја најдобрата услуга на нашите купувачи, изјави Ханс К. Реиш. Генерален директор на „Шпар“ – Австрија.
Во рамките на инвестицијата, компанијата во партнерство со компанијата „КНАПП“, ја зголеми површината на објектот за 40%, додавајќи 12.000 нови палети. Складиштето сега се протега на површина од речиси 40.000 квадратни метри и секојдневно прима испораки од над 570 добавувачи кои ги доставуваат испораките на 94 капии, од кои 31 се нови.
Покрај тоа, компанијата инсталираше и нов фотонапонски систем на покривот на објектот, кој ќе произведува електрична енергија за шест пати повеќе од претходно.
Дополнително на тоа, возниот парк во складиштето кој се состои од 56 камиони и приколки, од минатата година ќе работи на хво би – гориво, кое е направено од искористеното масло за јадење и масти, со што ќе се намали емисијата на гасови и до 90% споредено со дизел горивото.
Извор: InStore.rs
Фото: „Шпар“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.