Компаниите „Ахолд Делез“ и „Џенерал милс“ потпишаа нов договор за партнерство во чии рамки ќе работат на намалување на емисите на гасови.
За да се постигне таа цел, компаниите ќе ги поддржат земјоделците кои се дел од синџирот на снабдување и кои во своето производство сакаат да ги имплементираат процесите на регенеративно земјоделство.
Ова партнерство нагласува колку стратешката соработка е клучна во решавањето на климатските последици и во постигнувањето на позитивни еколошки резултати. Се радуваме на разултатите во овој проек и во користењето на податоците за подобрување на синџирот на снабдување, изјави Марк Столзман, директор за одржливост во „Ахолд Делез“ – САД.
„Џенерал милс“ во 2019 година стана една првите компании кои се обврзаа да го унапредат регенеративното земјоделство. Го поддржуваме пристапот кој е фокусиран на фармерите во клучните региони каде што се одгледуваат состојките кои ги набавуваме, со цел да се постигнат позитивни еколошки, општествени и економски резултати. „Ахолд Делез“ е пригоден партнер за соработка во заедничките цели за создавање на здрав и отпорен прехранбен систем, изјави Мери Џејн Мелендез, директорка за оджливост и глобално влијание во „Џенерал милс“.
Користејќи ја стручноста на „ЕСМЦ“ ( Екосистем сервисес маркет консортиум) компаниите ќе им овозможат на земјоделците финансиска и техничка поддршка за да им се помогне во усвојувањето на практиките од регенеративното земјоделство.
„ЕСМЦ“ ќе го надлгедува овој проект додека ефектите од преминувањето на регенеративното земјоделство ќе ги мери независно лице, соопштуваат од компанијата.
Извор: InStore.rs
Фото: Pexels
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.