Свет

Германија: Расте бројот на фирми кои работат без употреба на хартија

25 Sep 2024

Според студијата на дигиталното здружение „Битком“ сѐ повеќе компании во Германија работат без употреба на хартија, а дури и факсот за кој до неодамна германските компании тврдоглаво го употребувале сега се користи сѐ помалку.

Хартијата ја исфрлиле од употреба 15 отсто од компаниите што е речиси двојно повеќе отколку пред две години, а околу 24 отсто од компаниите моментално  користат само четвртина од хартијата во својата работа.

Па така речиси секоја четврта фирма претежно не употребува хартија во работењето. За оваа репрезентативна студија која „Битком“ ја спроведе од крајот на април до средината на јуни, биле испитани 1.103 компании кои имаат најмалку 20 вработени.

Само шест отсто од компаниите исклучиво ја користат хартијата.

 Во 14 отсто од фирмите околу една четвртина процесот се одива по старо, а кај повеќе од една третина од фирмите, дигиталните и аналогните канцелариски и административни процеси се поеднакво застапени.

 Промени можат да се видат и во комуникацијата. Само 40 отсто од фирмите често или многу често испраќаат писма, а пред две години тоа го правеа речиси половина од фирмите (48%).

Сѐ поретка е и употребата на факсот, пред две години неговата употреба од фирмите беше 40 отсто, а сега само 30 отсто од фирмите го користат факсот често или многу често.

 Секоја десетта фирма во последните две години речиси целосно се откажа од факсот, изјави Берхард Рохлендер, директор на „Битком“.

И покрај дигитализацијата на работата, шкафовите со кластери не се исфрлаат лесно од употреба. Во анкетата половина од фирмите навеле дека кластерите сега ги имаат помалку отколку пред пет години, додека останатите помалку или повеќе ги имаат ги имаа уште.

Извор: „дпа“

Фото: Pexels



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...