Обемот на малопродажбата во Велика Британија на месечно ниво бележи пораст од еден отсто во август, по зголемувањето од 0,7 проценти во јули.
Според Заводот за национална статистика, супермаркетите и малопродажбата за облека забележале пораст благодарејќи на топлото време и распродажбите на крајот на сезоната, пренесува „Анадолу агенси“.
На долгорочен период, обемот на малопродажбата е во пораст за 1,2 отсто во трите месеци до август, во споредба со три трите месеци до мај, стои во соопштението.
Споредено со нивото пред пандемијата во февруари 2020 година, обемот и понатаму бил помал за 0,4 отсто од август.
Обемот на продажбата во британските продавници за храна пораснал за 1,8 отсто во август 2024, по порастот од 0,3 отсто во јули.
Извор: biznis.rs
Фото: Pexels
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.