Свет

САД: „Волгринс“ лансира премиум линија на производи за нега на кожа

23 Sep 2024

 Малопродажниот синџир „Волгринс“ како дел од своите трговски марки лансира нова премиум линија за производи за нега на кожата.

Како одговор на се поголемата побарувачка за врвни решенија за нега на кожа, „Волгринс“ го редефинира своето портофолио за козметички производи и понуди производи кои ветуааат врвен квалитет и достапност, соопштуваат од компанијата.

Опсежните истажувања на компанијата покажале дека купувачите иако сакаат врвни производи за нега на кожата, тие не прават компромиси во поглед на цената.

Додека се фокусираме на сегменти како што се здравјето и убавината на жените, нашата нова врвна линија за нега на кожата ја менува играта за оние кои копнеат за луксуз, но, водат сметка за својот буџет. Во споредба со сегашната цена на слични премиум производи за нега на кожа, нашите цени се најмалку 50% пониски, што ја прави премиум негата на кожата попристапна. Ова е наш начин да обезбедиме персонализирани решенија кои не го загрозуваат домашниот буџет на потрошувачот и ги покануваме нашите купувачи сами да се уверат, изјави Хедер Хјуз, потпретседателка на групата и генерална менаџерка за производи за здравје и убавина во „Волгринс“.

Премиум линијата моментално има 13 производи, помеѓу кои има производи за нега на кожата и серуми, во следниот перидо од компанијата планираат постепено да ја прошируваат линијата.

 

 

Извор: InStore.rs

Фото: „Волгринс“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...