Свет

Италија: „Лидл“ го отвори својот прв дистрибутивен центар во Сардинија

20 Sep 2024

„Лидл“ го отвори својот прв дистрибутивен центар во Сардинија и дваесетти во Италија, како дел од инвестицијата вредна над 70 милиони евра.

Новиот дистрибутивен центар ќе почне со работа од 1.октомври, тој е на површина од 37.000 квадратни метри има складишен капацитет од 25.000 палетни места, 101 товарно место и 45 места за камиони.

Објектот поседува фотонапонски систем од 2.688 киловати, кој покрива 50% од енергетски потреби, како и систем за собирање на дождовница. Центарот целосно ќе користи енергија од обновливи извори.

Отворањето на новиот дистрибутивен центар создаде 140 нови работни места, соопштуваат од компанијата.

Првата продавница на „Лидл“ во Сардинија е отворена во 2002 година и оттогаш повратните информации од купувачите секогаш се многу позитивни, што нѐ наведе да го прошириме нашето присуство во овој регион, изјави Масимилиано Силвестри, претседател на „Лидл“ - Италија.

           

Тој потенцира дека дистрибутивниот центар ќе помогне во подобрувањето на логистиката на компанијата, намалувањето на километрите кои компанијата мора да ги помие од складиштата до продавниците и се проценува дека објектот годишни ќе заштеди над 5.000 тони Со2.

Со новиот дистрибутивен центар сакаме да дадеме дополнителен поттик на нашиот развој на островот преку одговорен раст кој е комбинација на иновациите и одржливоста. Им се заблагодарувам на сите кои го овозможија тоа, од ценетите надворешни партнери, до локалните институции со кои соработувавме и на крај, но не и најмалку важно, им се заблагодарувам на сите колеги кои го дадоа својот темелен придонес, изјави Силвестри.

Оваа инвестиција е дел од поголемата инвистиција на „Лидл“  - Италија, вредна 400 милиони евра, во чии рамки компанијата планира во следните шест месеци да отвори 40 нови продавници.

 

Извор: InStore.rs

Фото: „Лидл“ - Италија



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...