Свет

Русија: Лансирани над 3.000 брендови во првите шест месеци од годинава

20 Sep 2024

Според податоците на „Ниелсен“, во првата половина од годинава на рускиот пазар се појави 3.327 нови брендови, од кои 952 се непрехранбени производи.

Вкупниот промет од овие новитет надминал 7,5 милијарди рубљи (806.983.500 американски долари), вклучувајќи го и ребрендирањето и влезот на играчи во новите сегменти.

Истражувањето ја опфатила анализата за продажба на над 230 категории во 150 малопродажни трговски синџири низ Русија, вкулучувајќи ги специјализнраните  и непрехранбените продавници, детските продавници и продавниците за алкохол и производите за домашни миленици.

 Меѓу 25 најпродавани нови брендови во 2024 година, 10 се од категоријата пијалаци (пиво, ладен  чај, кафе и водка),  додека осум производи се од групата грицки вклучувајчи чоколадо, сладолед, чипс и крекери.

Категоријата во која се појавиле најмногу нови брендови е категоријата за пиво, во која се забележани дури 96 нови брендови за шест месеци.

Како најпродавани брендови на листата се најдоа два непрехранбени бренда, тоалетната хартија Alfio и детергентот за алишта Smart Fox.  

 

 

Извор: New-Retail.ru

Фото: Pexels



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...