Свет

САД: Медискиот буџет на „Амазон“ преминува во рацете на „ОМГ“ и „ВПП“

19 Sep 2024

Компанијата „Амазон“ ја соопшти одлуката за партнерство со агенциите „ОМГ“ и „ВПП“.

После сеопфатниот преглед на агенциите, сѐ одлучивме за партнерство со „ОМГ“ и „ВПП“, изјави Маргарет Калахан, портрпаролка на „Амазон“.

Буџетот ќе биде распределен по географски региони, при што „ОМГ“ ќе ја преземе работата во САД, а „ВПП“ во останатите региони. Ваквата одлука компанијата ја нарекува стратегиска и со неа ќе се искористе најдоброто од двете агенции.

 Ваквата одлука е донесена после внимателен и детален процес. Ја проверивме стручноста на секоја агенција на пазарот, искуството во медиумското планирање на сите нивоа, ценовната политика, способноста за мерење и управувањето со буџетот во сите географски региони, изјави Калахан за „Адвик“.

Во 2013 година „ИПГ медиабрандс“ го доби медискиот буџет и успешно работеше до 2017 година. Според „Амазон“ одлуката да преминат на нови агенции не е последица на претходната работа, туку избор на она што е најдобро за компанијата во иднина. „ИПГ“ ќе остане глобален медиски партнер на „Амазон“ за „Амазон веб сервисес“, „Амазон бизнис“ и „Амазон адс“.

 

 

 

Извор: „Медиа маркетинг“  

Фото: „Амазон“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...