На самитот „Шварц медиа“, „Шварц груп“ соопшти дека ја презема платформата „Ваподо“, која е наменета за корисничка поддршка и комуникација со потрошувачите.
Се работи за платформа која им овозможува на компаниите полесно да стапат во контакт со своите потрошувачи и преку неколку комуникациски апликации и платформи и да ги известува за своите акции и кампањи.
Некои од апликациите кои се вклучени во овој систем се „Ватсап“, „Сигнал“, „Тхрема“, „Епл бизни чат“ и „Телеграм“.
Од групацијата појаснуваат дека целта на оваа аквизиција е подобро позиционирање во секторот - „Ритејл медиа“ и додаваат дека пораките се најчесто користени од корисниците што може да се види и од бројките на нивното отворање, кои се дури за 90 отсто повеќе од традиционалните е – билтени.
Покрај тоа, купувачите исто така можат да имаат корист од релевантни понуди кои ќе им помогнат да ги пронајдат производите и услугите кои ги интересираат.
Извор: „Стимме“
Фото: Pexels
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.