Свет

Русија: „Нестле“ го регистрира својот бренд Nesquik

19 Sep 2024

Компанијата „Нестле“ која ги прекина инвестициите во Русија, го регистрала својот бренд Nesquik во „Роспатент“.

До август 2034 година компанијата го заштитила правата на својто бренд во Русија во категоријата какао, производи и напитоци на основа на какао.

Покрај тоа, „Нестле“ од неодамна повторно започна да поднесува барања за регистрација на производи под брендот Nescafe. Според регистарот за 2023 – 2024 година, компанија регистрирала различни варијанти на марката Nescafe, како што се Nescaffe Classic, Nescaffe Gold,  Nescaffe Classic Crema и други.

После започнувањето на воените судири во Украниа, „Нестле“ во март 2022 година ги ограничи своите активности во Русија. Производителот ги прекина инвестициите на рускиот пазар и ја запре продажбата на некои од своите брендови како што се  KitKat и Nesquik.

 

Извор: Retail.ru

Фото „Нестле“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...