Свет

САД: „Амазон“ ќе ги враќа вработените во канцелариите

18 Sep 2024

Извршниот директор на „Амазон“, Енди Џеси најави дека компанија бара од своите вработени да се вратат во канцеларија со полно работно време.

Досега за вработените во „Амазон“важеше правилото дека во текот на неделата треба да поминат најмалку три дена во канцеларија.

Пред пандемијата не се гарантираше дека луѓето може да работат од далечина два дена во неделата,  а така ќе биде и во иднина, очекуваме луѓето да бидат во своите канцеларии со исклучок на посебни ситуации, изјави Џеси.

Според него, укинувањето на хибридниот модел бил дизајниран за подобрување на соработката и меѓусебната поврзаност помеѓу вработените со цел да се обезбеди најдобра услуга за клиентите, но и да се подобри бизнисот.

Кога ќе погледнеме наназад на изминатите пет години, сè уште веруваме дека предностите да се биде заедно во канцеларија се значајни, наведе Џеси.

Ваквата одлука за вработени во „Амазон“ ќе стапи во сила од почетокот на следната година. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...