„Амазон“ ја лансира новата приватна трговска марка Amazon Saver, под својот банер „Амазон фреш“.
Се работи за асортиман на прехранбени производи по поволни цени, при што повеќето од нив ќе чинат помалку од пет долари, соопштуваат од компанија.
Од таму додаваат дека во следниот период планираат проширување на линијата на повеќе од 100 производи, како и најавуваат унапредување на својата „Прајм програма“ за лојалност, во чии рамки ќе се зголеми понудата на над 3.000 производи.
Секогаш се трудиме да го олесниме купувањето на намирници, да биде брзо и што подостапно за нашите купувачи. Со проширувањето на членовите на „Прајм“, воведувањето на новиот бренд и поедноеднсотавното онлајн купување, сега е полесно да се направи неделното пазарување на намирници по поволни цени, изјави Клаир Петерс, глобална потрпретседателка на „Амазон фреш“.
Извор: InStore
Фото: „Амазон фреш“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.