Компанијата „Кампбел суп“ на Денот на инвеститорите соопшти дека после 155 години планира да го промени своето име.
Од компанијата посочуваат дека промената доаѓа за подобро да се истакнат и другите производи од портофолиото на компанијата, која првенствено е позната по своите супи. Согласно со тоа, новото име на компанијата ќе биде „Д Кампел’с компани“.
Оваа суптилна, но важна промена го задржува препознатливото име на компанијата, репутацијата и капиталот кој е граден во текот на 155 години, додека во исто време го одржуваме широкото портфолио на компанијата, изјави Марк Клоус, претседател и извршен директор на компанијата.
Од компанијата очекуваат пораст на своите брендови во категоријата на грицки, како и својот оддел „Меалс едн Бевериџис“, во рамките на кои компанијата на почетокот на годинава ја основа новата единица „Дистинктив брандс“ во која од неодамна се приклучи и „Совос брандс“, како дел од аквизицијата вредна 2,7 милијарди долари.
Во рамките на новата единица, брендовите како што се Rao's и Michael Angelo's, се придружиле и брендовите на компанијата „Пацифик фудс“, која била купена во декември 2017 година.
Извор: InStore.rs
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.