Германскиот синџир на супермаркети „Реве“ соопшти дека ја започна изградбата на новиот „Пени“ дистрибутивен центар вреден 35 милиони евра, во градот Михаилести на југот на Романија.
Новиот дистрибутивен центар ќе се простира на 22.000 квадратни метри, се очекува да започне со работа во 2025 година и ќе биде петти дистрибутивен центар на компанијата во Романија, соопштуваат од компанијата.
Романија е важен пазар за нас, затоа до 2029 година планираме инвестции од над една милијарда евра кои главно ќе бидат во проширување на 619.продавници „Пени“ и во шест логистички центри, изјави Даниел Грос, извршен директор на „Пени“ – Романија.
Од компанијата истакнуваат дека Михаилести е избран благодарејќи на потенцијалот за проширување на постоечката патна инфраструктура.
Се планирани новиот дистрибутивен центар на опслужува 70 продавници до крајот на следната година и 100 продавници до крајот на 2027 година.
Дистрибутивниот центар ќе вработи 200. лица.
„Реве“ влезе на романскиот пазар во 2005 година и компанијата во моментов има 7.300 вработени лица, 379 продавници и четири логистички центри.
Извор: SeeNews
Фото: „Пени“ - Романија
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.