Свет

Јапонија: „Куш тар“ даде понуда за преземање на „7 елевен“

21 Aug 2024

Канадската компанија „Алиментејшн Куш Тар“ даде понуда за преземање на компанијата „Севен & ај“ која е сопственик на трговскиот синџир „7 елевен“.

Како што пренесува „Ројтерс“ „Куш тар“ сака да ја преземе целата компанија, а доколку понудата биде успешна тогаш тоа ќе биде најголема аквизиција на јапонска компанија.

Управниот одбор на компанијата оформи посебна комисија која се состои исклучиво од независни надворешни директори кои ќе го разгледуваат предлогот. Комисијата има намера да спроведе брз, внимателен и целосен преглед на предлогот, плановите на компанијата и други алтернатива за зголемување на корпоративната вредност, откако ќе одговори на понудата, соопштуваат од  „Севен & ај“.

Иако износот на понудата не е познат, веста доведе до зголемување на акциите на компаниет за околу 23% во Токио, проценувајќи ја компанијата околу 37,92 милијарди долари.

„Алиментејшн Куш Тар“ кој управува со продавниците „Циркл – К“, е проценет на 58 милијарди долари и управува со над 16.700 продавници во 29 држави низ светот.

 

 

 

Извор: FoodBev

Фото: „7 елевен“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...