Во Европската унија лани се произведени 48,3 милиони тони компири, а најмногу во Германија, каде се произведени 11,6 милиони тони компир, што е 24 отсто од вкупното производство во ЕУ.
Втор по големина производител на компир во ЕУ минатата година беше Франција со учество од 17,9 отсто, а трета Холандија со 13,4 отсто.
Минатата година овие три земји учествуваа со мнозинство, поточно 55,4 отсто од вкупното производство на компир во Европската унија.
Производството во ЕУ благо се зголемило во однос на 47,5 милиони тони во 2022 година, но долгорочниот тренд е крајно негативен, објави „Евростат.“
Ако се споредат минатогодишните податоци со оние од 2000 година, производството на компир во Европската унија е намалено за 36,7 отсто или за 27,9 милиони тони.
Според податоците од 2020 година, во Европската унија биле регистрирани 9,1 милион земјоделски домаќинства, од кои еден милион произведувале компири, пренесува „Танјуг.“
Многу мал број домаќинства во ЕУ, само 25.000 или 2,5 отсто, произведуваат органски компири. Најголем процент на фарми кои се занимаваат со производство на органски компир е забележан во Австрија и изнесува 25,6 отсто.
Извор: Politika
Фото: Pexels
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.