Свет

Франција: „Лореал“ ќе купи 10% од компанијата „Галдерма“

12 Aug 2024

Козметичката компанија „Лореал“ ќе купи 10% од уделите на големите акционери во швајцарската компанија за нега на кожа „Галдерма“.

Оваа швајцарска компанија првобитно е основана како заедничка компанија на „Нестле“ и „Лореал“ и на швајцарската берза почна да тргува на крајот на март со раст на вредноста на акциите.

Ова е амбициозен чекор на „Лореал“  и доследен на нашата мантра „зграпчи го она што започнува“, што ни овозможува да го истражиме партнерството со брзорастечкиот пазар за естетика што е клучна врска со нашата чиста игра со убавината. Целосно го поддржуваме менаџментот на „Галдерма“ и нејзината стратегија како водечки играч за чиста дерматологија, ја почитуваме нејзината независност и многу сме сигурно во нејзиниот долгорочен потенцијал за раст, изјави Николас Хиеронумус, главен извршен директор на „Лореал“.

Во своето соопштенија за јавноста, „Лореал“ потесеува дека се повеќе инвестира во холистичкиот пристап кој ја опфаќа целата на рутина на убавината.  

Компанијата нема да бара да биде застапена во управниот одбор на „Галдерма“.

Оваа трансакција ќе биде финансирана од расположливите готовински и кредитни линии на „Лореал“, а се очекува да биде деновиве финализирана.  

Извор: Instore.rs



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...