Свет

Германија: „Баерсдорф“ започна со изградба на логистички центар во Лајпциг

09 Aug 2024

Компанијата „Баерсдорф АГ“ неодамна одржа церемонија за поставување на камен темелник на својот нов, најсовремен логистички центар во северниот дел на Лајпциг.

Во овој проект ќе бидат инвестирани повеќе од 200 милиони евра. Според првите најави, изградбата ќе заврши во 2027 година, а центарот треба да отвори околу 450 нови работни места.

Овде, во срцето на Европа, инвестираме повеќе од 200 милиони евра во нашиот најголем и најмодерен логистички центар во светот, во непосредна близина на нашата нова фабрика. Со овие два големи проекти, јасно е колку сме посветени на Германија како локација на нашиот бизнис, заедно, овие два проекти се најголемата инвестиција што ја имал Бејерсдорф на една локација, изјави Мајкл Фреј, главен директор за синџирот на снабдување и член на извршнио одбор на „Баерсдорд АГ“.  

Локацијата зафаќа површина од  12,5 хектари и е избрана пред се поради добрата поврзаност со европската транспортна мрежа и близината до производните локации на компанијата. Во иднина значителен дел од стоката ќе се транспортира со железница. Складиштетот е со висина од 25 метри и околу 125.000 целосно автоматизирани простори за палети и ќе биде најголемиот и најефикасен магацин на „Баерсдорф“  на светско ниво.

Новиот логистички центар ќе дејствува како центар за Централна Европа. Лајпциг е идеално лоциран за нашата мрежа на синџирот на снабдување и за да им служи на нашите потрошувачи во Централна Европа. Ова ќе нѐ стави во совршена позиција брзо да ги снабдуваме со нашите иновации сите наши партнери за малопродажба, како и партнери во фармацевтскиот домен, изјави Кристијан Хаенш, генерален директор на „Баерсдорф“ за Германија и Швајцарија.  

Инфо: Instore.rs

Фото:  „Баерсдорф“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...