Свет

Бразил: „Карфур“ со зголемен профит во вториот квартал

08 Aug 2024

Нето профитот на „Карфур“ во вториот квартал во Бразил достигнал до 330 милиони бразилски реали или 54 милиони евра, споредено со остварената загуба од 249 милиони бразилски реали (41 милиони евра) во вториот квартал минатата година.

Прилагодената ЕБИТДА маржа на компанијата е подобрена за 0,6 процентни поени на 5,7% и е поттикната од порастот во сите единици, вклучувајќи ги и трговските синџири „Атакадао“ (+7,4%), „Самс клуб“ (+2,5%) и „Карфур“ (+2,3%).

Меѓутоа, во овој период и покрај тоа што консолидираниот нето приход на компанијата е во пораст за 7,8 %, продажбата на храната во малопродажбата продолжува да опаѓа, иако темпото е бавно, соопштуваат од компанијата.

Компанијата продолжи со затворање на супермеркети поради лошите резултати, па после минатогодишните 117 затворени маркети сега има 90 маркети.

Сепак, од компанијата најавија отворање на нови дваесет „Алкадао“ продавници преку конверзија на 12 хипермаркети и осум супермаркети, како и отворање на седум до девет нови „Самс клуб“ продавници.

 

Извор: ESM magazine

Foto: Carrefour



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...