Свет

Јапонија: Залихите на ориз се на најниско ниво

06 Aug 2024

Како што пренесува француската новинска агенција „Афп“, залихите на ориз во јапонскиот приватен сектор во јуни изнесувале 1,56 милиони тони што е пад од 21 отсто во однос на претходниот месец и оваа количина е најниска од 1999 година кога почнале да се собираат податоците.  

Јапонското министрство за земјоделство, шумарство и рибарство смета дека  високите температури од минатото лето, кои ја загрозија жетвата се главниот виновник.

Главните причини за рекордно ниските резерви се намалувањето на производството поради високите температури и недостатокот на вода, како и релативно ниската цена на оризот во споредба со цените на другите култури, како што е пченицата, изјави Хироши Итакура, од  јапонското министерство за земјоделство.

Исто така падот на залихите е последица и на големиот број на туристи кои сакаат да ги нарачуваат традиционалните јапонски јадења кои содржат ориз, додава Итакура.

Во првата половина од годината Јапонија ја посетиле 17,8 милиони туристи, што е за 66 отсто повеќе отколку за истиот период лани и седум отсто повеќе од 2019 година.

 Сепак, Јапонија не се соочува со недостаок на ориз. Побарувачката на ориз пораснала од крајот на минатата година година до крајот на јуни годинава за прв пат по една деценија.

   

 

Извор: SEEbiz

Фото: Pexels



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...