Европската комисија покренува постапка против сите земји членки на ЕУ поради неисполување на законските цели за собирање и рециклирање на отпадот, како и поради неисполнување на Директивата за амбалажа и амбалажен отпад со која се очекуваше да се рециклираат од 55 до 80% од амбалажниот отпад.
Најновите достапни податоци кои ги пријавиле земјите членки на ЕУ сугерираат дека ниедна не успеала да ги исполни целите за собирање и рециклирање на отпадот. Земјите не ги достигнале целите предвидени со Директивата за отпад со која требало да подготват 50% од комуналниот отпад, како што е хартијата, металот, пластиката и стаклото, за повторна употреба или рециклажа до 2020 година.
Со претходната директива за амбалажа и амбалажен отпад се очекуваше државите да рециклираат од 55 до 80% од својот амбалажен отпад до 31 декември 2008 година. Беа вклучени цели од 60% за стакло, хартија и картон, 50% за метал, 22,5 за пластика и 15% за дрво. Многу од овие цели не се постигнати, наведуваат од ЕК.
Директивата за отпад од електрична и електронска опрема, исто така поставила минимална годишна стапка за собирање на 65% од просечната количина на електрична и електронска опрема која е на пазарот во секоја од земјите членки на ЕУ во претходните три години или алтернативно, 85% од отпадот генериран внатре во земјите. Очигледно е дека ниедна од земјите членки не успеала да ја исполни оваа цел.
За да ги унапредат напорите за имлементација и исполнување на целите за 2025,2030 и 2035 година, земјите членки се упатени на Извештајот за рано предупредување на отпад од 2023 година и неговите препораки се специфични за секоја земја.
До земјите членки се упатени формални писма со што е отворена постапката за повреда. Секоја од земјите има рок од два месеца да одговори и да ги отстрани наведени недостатоци. Ако нивните одговори не бидат задоволителни, ЕК би можела да издаде образложено мислење повикувајќи се секоја од земјите да ги исполни своите законски обврски. Понатамошното неисполнување на обврските би можело потенцијално да ескалира до Судот на правдата на ЕУ.
Извор: eKapija
Фото: Pexels
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.