Според податоците на „Еуростат“, долгот во еврозоната е во пораст, а државите од југот на континетот се најзадолжени.
На крајот на првиот квартал од 2024 година, односот на бруто долгот кон БДП во еврозоната беше 88,7 отсто, додека на крајот на четвртиот квартал од 2023 година беше 88,2 отсто. Во рамките на Европската Унија долгот забележа и пораст од 81,5 на 82 отсто, соопштуваат од „Еуростат“
Највисоки стапки на националниот долг во однос на БДП на крајот на првиот квартал од 2024 година забележаа Грција (159,8 отсто), Италија (137,7 отсто), Франција (110,8 отсто), Шпанија (108,9 отсто), Белгија (108,2 отсто) и Португалија (100,4 отсто), а најмала Бугарија (22,6 отсто), Естонија (23,6 отсто) и Луксембург (27,2 отсто).
Фото: Pexels
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.