Свет

Холандија: „Хајнекен“ оствари резултати под очекувањата

30 Jul 2024

Компанијата „Хајнекен“ пријави дека оствариле пораст на оперативната добивка во првите шест месеци од годинава од 12,5%, што е под очекувањата на аналитичарите за пораст од 13,2%.

Продажбата на пиво во првите шест месеци имала пораст за 2,1%, што е под очекувањата од аналитичарите за пораст од 3,4%.

Нето загубата на компанијата изнесува во 95 милиони евра, првенствено поради неготовинското намалување на вредноста поради инвестирањето на 874 милиони евра во кинеската компанија „ЦР Беер“.

Од компанијата соопштуваат дека резултат на падот на цените на акциите на „ЦР Беер“ е од загриженоста околу побарувачката на кинеските производи, а не поради оперативниот учинок на кинеската компанија.

Покрај тоа, компанијата неодамна најави и затворање на една од своите пиварници во Виетнам, поради двоцифрениот пад на пазарот на пиво во оваа држава по прв пат после неколку децении.

После објавените резултати за првата половина од годината, компанијата ја ревидира својата прогноза за пораст на оперативната добивка и сега очекуваат пораст помеѓу 4 и 8%.

Откако компанијата извести за остварените резултати во првата половина од годинава, акциите на компанијата паднале за 6,5%.

 

Извор: Seebiz

Фото: Pexels



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...