„Волгринс“ ја претстави новата приватна трговска марка Nice! For You, во која се вклучени над 150 производи на здрава храна.
Новата линија претставува ширење на веќе постоечкиот бренд Nice!, кој беше лансиран во 2011 година.
Според неодамнешните истражувањата на компанијата „Статиста“, речиси половина од Американците се обидуваат да се хранат здраво. Продолжувањето на нашиот бренд Nice! е дизајнирано да понуди ефикасно и многу релевантно искуство кое ги задоволува променливите потреби и преференции на потрошувачите, а ние остануваме посветени во пласирањето на производи од висок квалитет кои имаат одличен вкус по неверојатни цени, изјави Трејси Браун, главна директорка за потрошувачи во „Волгринс“.
Во новиот бренд се вклучени артикли како што се мелено месо, овесна каша, јаткасти плоди, сушено овошје, кафе, замрзнати прехранбени производи, пијалаци, сирење и уште многу други артикли.
Од компанијата истакнуваат дека овие производи не содржат вештачки ароми, засладувачи, синтетички бои, како ни пченкарен сируп со висока содржина на фруктоза.
Извор: Supermarket News
Фото: „Волгринс“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.