Свет

Германија: Расте песимизмот во економијата

26 Jul 2024

Економскиот институт „Ифо“ соопшти дека германската економија и понатаму е цврсто заглавена во криза, а компаниите тонат во песимизам.

Барометарот за деловните очекувања во јули паднал за уште 1,6 поен и е 87. Конјуктурниот барометар на „Ифо“ е најважен економски индикатор во Германија.

Бројката показател дека  од анкетираните компании од сите сектори на економијата не очекуваат промени, малите бројки укажуваат на песимизам, а поголемите на оптимизам.

Во јули, економистите очекувале нешто подобро расположение и поместување на барометарот на 89 поени, наместо тоа, бројката паѓа ниско трет месец по ред.

На песимистичката ситуација во германската економија укажал и Индексот на британската агенција за кредитен рејтинг „Стандард & Порс“.

Показателот за Германија  е основан на анкетата направена на менаџерите за набавка имал пад на 48,7 поени.  Со тоа, за прв пат после четири месеци показателот паднал под границата од 50.

Пад на овој индекс за 0,8 поени има и во еврозоната и тој изнесува 50,1.

Извор: „Дпа“

Фото: Pexels



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...