„Лидл“ најави планови за инвестирање во следните пет години на 1,5 милијарди фунти во британската месна индустрија за говедско месо.
Како дел од својата стратегија за одржливост, компанијата ќе ги наградува британските производители за намалување на јаглеродот во производството и усвојување на регенеративни земјоделски техники со цел да се подобри биодиверзитетот, потрошувачката на вода и управувањето со земјиштето.
Во партнерство со независната консултантска куќа за земјоделство и одржливост, „Промар“, на секој производител ќе му бидат понудени совети за намалување на јаглеродот и одржлив пораст. Исто така, „Лидл“ ќе работи со фармерите на подобрување на ефикасноста и профитабилноста на производство.
Овој потег на компанијата е дел од планот кој има за цел целосно да се премине на набавка на говедско месо од домашно производство.
Како еден од најголемите набавувачи на британско говедско месо ја препознаваме нашата одговорност во поддршката и усвојување на одржлива пракса. Овој проект ја поддржува нашата долгорочна посветеност во купување на 100% британско месо, а значително инвестираме во одржлива пракса која ги надминува индустриските стандарди, обезбедувајќи им на нашите купувачи да можат да продолжат да уживаат во најдоброто, висококвалитетно британско говедско месо по најниски цени, изјави Ричард Боурнс, главен комерцијален директор во „Лидл“ – Велика Британија.
Ова е последна од низата на иницијативи за подобрување на одржливста на „Лидл“ во Велика Британија. Компанијата во февруари лансира вакумирано мелено месо, намалувајќи ја употребата на пластика за 300 тони годишно, а покрај тоа во април ги најави плановите за инвестирање на 500 милиони фунти во производство на свинско месо со цел да го поттикне развојот на оваа месна индустрија.
Извор: FoodBev
Фото: Pexels
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.