Свет

САД: „Данон“ лансира производи инспирирани од филмот „Сам дома“

23 Jul 2024

Брендот International Delight, кој што е во сопственост на компанијата „Данон“, најави лансирање на нова серија на производи инспирирани од култниот филм „Сам дома’.

Се работи за кремови со вкус на топло чоколадо и маршмелоу, на колачи и со вкус на мока и мента.  

Покрај тоа, компанијата ќе лансира и ладно кафе со вкус на мока и мента.

Новите производи ќе бидат лансирани во соработка со компанијата „20 центри студиос“ и на пакувањето ќе содржи сцени од популарниот филм.

Сезонските вкусови на International Delight се синоним за уживање во вкусот на празниците додека сте дома. Се здруживме со „20 центри студиос“ за да го претставиме нашиот крем и ладно кафе кои ќе донесат нови вкусови во класичната празнична атмосфера, изјави Џенифер Михуда, директорка на одделот за крем во „Данон“ – САД.

Овие производи ќе бидат достапни оваа година само во одреден период, почнувајќи од јули па се до декември.  

 

 

Извор: FoodBev

Фото: „Интернешнл дилајт“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...