„Реве“ во Хамбург го отвори најголемиот автономен супермаркет во Европа кој се протега на површина од 1.200 квадратни метри.
Новиот „Пик & Го“ супермаркет кој на купувачите ќе им понуди над 20.000 производи е целосно автономен.
Како што објаснуваат од компанијата, потрошувачите можат да платат на четири различи начини: на традиционални каси или самоуслужни каси, преку апликацијата „Пик & Го“ или на посебни терминали во супермаркетот. Овие терминали работат по принципот на препознавање на производите од корпата на потрушувачите, како што се прави преку технологијата „Џаст волк аут“ на „Амазон“.
За следниот период компанијата најави отворање на уште една ваква продавница во Хамбург, која ќе се протега на површина од 900 квадратни метри.
Неодамна во Регенсбург беше отворен автономен супермаркет на „Нето“, кој е на површина од 800 квадратни метри и тој е опремен со смарт камери кои го следат секој поглед и ги „стават“ производите во корпа без да се собираат личните или биомтресиките податоци.
Дисконтерот ја користи технологијата „Триго Вижн“, која стои зад автоматизираните продавници на „Алди“ во Ултрехт и автономниот продажен објект на „Реве“ во Минхен.
Извор: Retail Detail
Фото: „Реве“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.