Свет

Германија: „Алди“ ја тестира услугата „Клик & Колект“

18 Jul 2024

„Алди“ започна со тестирање на услугата за онлајн купување,  „Клик & Колект“, во две продавници во Милхајм  во една продавница во Диселдорф.  

Од 15.јули потрошувачите можат да порачаат производи по пат на платформата „Меин Алди“ и да ги преземат во една од овие три продавници.

Како што пренесува „Лебенсмител зајтунг“, оваа платформа не е новина, всушност „Алди суд“ веќе минатата година започнал со тестирање на оваа платформа во Милхајм, нудејќи им на потрошувачите достава на 1.300 производи.

Порачките кои се направени компанијата ги испорачува до потрошувачите со електрични комбиња.

„Алди суд“ најпрвин сакал овој проект да го покрене заедно со „Алди норд“, меѓутоа, „Алди норд“ е внимателен кога е овој проект во прашање. Сепак, постои можност сестринската компанија да се придружи на овој проект, доколку тој се покаже успешен.

 

 

Извор: RetailDetail

Фото: „Алди“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...