Свет

Велика Британија: „Унилевер“ ќе укине три илјади работни места

17 Jul 2024

Портпаролот на британскиот производител „Унилевер“, соопшти дека компанијата планира до крајот на идната година да укине нешто повеќе од три илјади работни места во канцелариите низ Европа.

Во следните неколку седмици ќе започнеме со постапка за советување во вработените на кои предложените промени ќе имаат влијание, изјави портпаролот на „Унилевер“, пренесува „Мина“.

Компанијата ги известила директорите дека до крајот на следната година ќе бидат укинати дури 3,2 илјади работни места во Европа.

Лондонскиот економски весник „Фајненшл тајмс“ први ги изнесе деталите, наведувајќи дека работните места главно ќе бидат укинати во канцелариите на компанијата во Лондон и Ротердам.

Укинувањето на работните места е составен дел од програмата за подобрување на продуктивноста кој беше највен во март и во кој се предвидуваат 7,5 илјади откази.

 

Извор: Biznis.rs

Фото: „Унилевер“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...