Свет

Велика Британија: „Алди“ е прогласен за најевтин супермаркет

10 Jul 2024

Според најновото истражување на компанијата „Вич“, „Алди“ е прогласен за најефтин супермаркет за месец јуни.

Месечното истражување на компанијата покажало дека кошничка со 65 артикли од „Алди“ во јуни изнесувала вкупно 118,41 фунти, што е за 32,60 фунти помалку отколку во најскапиот супермаркет „Веитрос“.

За втор најскап супермаркет покрај „Виетрос“, е прогласен „Окадо“ каде што потрошувачката кошничка изнесува 144,06 фунти.

Во месечното истражување компанијата ги вклучила и производите кои се на акција, па така кошничка со производите на „Теско“ со „суперкард“ изнесува 130,90 фунти, додека потрошивачката кошничка во трговскиот синџир „Саинсбери“ изенесува нешто повеќе од 132,90 фунти.

 Во „Алди“   сме посветени да имаме постојано ниски цени и навистина сме горди на наградуваниот квалитет на производите што ги нудиме по   неверојатни цени, изјави Џули Ешфилд,  генерална директорка за продажба во „Алди“ – ОК.

 

 

Извор: Grocery Gazette

Фото: „Алди“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...