Свет

Германија: Зголемено производството на бело вино

08 Jul 2024

Германскиот институт  за вино, „ДВИ“ соопшти дека германските производители на вино најмногу произведувале бело вино, кое покрива две третини од домашното производство на квалитетно вино.

Уделот на белото вино во производството  во 2023 година бил  ист како и во претходната година.

Меѓу во вината со ознака за квалитет и предикатни вина, уделот на црвените вина останува на 21 отсто, а на розето 13, отсто, изјави Ернст Бушер, портпарол на „ДВИ“.

Нешто повеќе од половина, односно 51 отсто од сертфицираните вина минатата година биле суви вина. Тоа е за еден процентен поен повеќе отколку во претходната година, но осум отсто повеќе отколку пред една деценија и дури 15 отсто повеќе отколку во 2003 година.

Уделот на полуслатките и слатките вина минатата година останал на 29 отсто, како што било и во претходната година, секое петто вино било од полусувите вина и тој удел од 2003 година останал непроменет.

 

 

Извор: „Дпа“

Фото: Pexels



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...