Свет

Ирска: „Дијаџио“ ќе гради карбонски неутрална пиварница

08 Jul 2024

„Дијаџио“ започна со изградба на нова карбонски нутрална пиварница во градот Килдер во Ирска, чија вредност ќе биде 200 милиони евра.

Пиварницата годишно ќе произведува 2 милиони хектолитри годишно, а во неа ќе се произведуваат брендовите Rockshore, Harp, Hop House 13, Smithwick’s, Kilkenny и Carlsberg.

Новата пиварница претставува голем чекор за „Дијаџио“ во Ирска но и глобално. Пиварницата ќе ни помогне да продолжиме да ги произведуваме некои од најпрепознатливите светски брендови на пиво и да поставуваме нови стандарди во одржливото производство, изјави Колин Обрајан, директор на секторот за глобално снабдување  во „Дијаџио“.

Се очекува во оваа пиварница да бидат отвоени 1.000 работни места во текот на изградбата, а почетокот на производството се очекува да започне во 2026 година.

Од компанијата додаваат дека во изградбата ќе бидат имплементирани процеси за намалување на потрошувачката со вода и енергија, а кога пиварницата ќе биде целосно оперативна ќе користи исклучиво енергија од обновливи извори.

 Новата локација на пиварницата ќе бида втора по големина на компанијата во Ирска, по пиварницата „Ст. Џејмс Гате“.

 

Извор: ESM magazine

Фото: „Дијаџио“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...