Конференцијата на ОН за трговија и развој (УНКТАД) соопшти дека доколку постоечките позитивни трендови продолжат, оваа година глобалната трговија ќе достигне до 32.000 милијарди долари.
Глобалните трговски трендови во првиот квартал од годинава бележат позитивни резултати, така што вредноста на размената на стоки имала пораст за околу еден отсто во однос на претходниот квартал, а кај услугите порастот е за околу 1,5 отсто.
Се очекува дека овој пораст, кој е поттикнат од позитивната трговска динамика на САД и земјите во развој, посебно од големите азиски економии, во првата половина од 2024 година да додаде речиси 250 милијарди долари во трговијата со стоки и 100 милијарди долари во трговијата со услуги, споредено со втората половина од минатата година, се наведува во соопштението.
Според проценките, светскиот бдп ќе има пораст за околу 3 отсто, но сепак со доза на внимателност.
Во извештајот се наведува дека порастот на светската трговија во периодот од јануари до март, главно бил воден од зголемениот извоз од Кина (9%), Индија (7%) и САД (3%).
Спротивно на тоа, европскиот извоз не покажал пораст, а извозот од Африка имал пад за 5 проценти во однос на истиот период.
Извор: Biznis.rs
Фото: Pexels
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.