Свет

„Меркадона“ одбележува петгодишнина од влезот на португалскиот пазар

04 Jul 2024

„Меркадона“ ја прослави петгодишнината од отворањето на својата прва продавница во Португалија, а оттогаш компанијата во оваа земја инвестирала околу една милијарда евра.

Шпанската компанија својата прва продавница во Португалија ја отвори во јули 2019 година во Канидела, а сега продажната мрежа на компанијата има 50.продавници во кои се вработени околу 6.000  лица.

За овој временски период компанијата отвори и три логистички центри, во Повоа де Варизма, Порто и Алмерима и во следниот период се очекува да биде отворен нов дистрибутивен центар во Сантаремо чија вредност ќе биде над 250 милиони евра.

Директорката за институционални односи на „Меркадона“ во Португалија, Инес Сантос, го истакна напредокот на компанијата во интегрирањето на португалскиот пазар.

„Меркадона“ напредуваше и многу научи благодарејќи на влезот во високо конкурентниот португалски пазар. Денеска со гордост можеме да зборуваме дека трудот кој го вложуваме се огледува во желбата на луѓето да ги посетуваат нашите супермаркети, но имаме уште многу да работиме за да станеме компанија каква што посакуваме да бидеме во Португалија. Овие пет години се покажаа како добар почеток и мотив за продолжување на изградбата на проекти од заеднички и одржлив раст кои ја засилуваат нашата вработенос и придонесуваат за економскиот развој на држава, изјави Сантос.

 

Извор: ESM magazine

Фото: „Меркадона“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...