Свет

Германија: Секое второ купување се плаќа безготовински

03 Jul 2024

Според податоците од „Бундесбанка“ од година во година Германците се помалку плаќаат во готовина при купувањето, па така минатата година само 51% од плаќањата биле извршени со банкноти.

Централната банка во својата редовна студија за платните навики кај Германците, наведува дека тоа е седум проценти помалку отколку во претходната анализа од 2021 година.

Плаќањето со дебитни картички зема замав и нивната употреба пораснала за пет поени и сега е 27 отсто. Се почесто е и плаќањето со паметните удреди, кои има пораст од четири отсто и ширењето, пренесува „Дпа“.

Според вредноста на плаќањата, дебитните картички со удел од 32 отсто за прв пат го надминаа плаќањето во готовина, кое покрива 26 отсто од прометот. Тоа значи дека луѓето плаќаат поголеми износи со картички.

 Безготовинското плаќање е се повеќе раширено, при што 80 отсто од сите плаќања можат да се извршат со картичка или преку телефон, што е за 20 отсто повеќе отколку во 2021 година.

Извор: biznis.rs

Фото: Pexels



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...