„Хајнекен“ најави дека овој месец планира да затвори една од своите пиварници во Виетнам.
Објектот, кој е најмал од шесте објекти на компанијата во Виетнам, се наоѓа во централниот дел на провинцијата Куанг Нам, соопштуваат од „Хајнекен“.
Целокупната економија, вклучително и пивската индустрија, се соочија со многубројни предизвици поради економската забавеност која што доведе до пад на довербата меѓу потрошувачите и моделите на потрошувачка, соопштуваат од компанијата.
Од „Хајнекен“ додаваат дека строгите виетнамски закони за алкохол и управување со возила, кои ја ограничиле содржината на алкохол во крвта за возачите на нула, исто така влијаело на продажбата.
Како резултат на тоа, по прв пат после неколку децении пазарот на пиво во Виетнам забележал двоцифрен пад во 2023 година, а тој тренд продолжил да паѓа и оваа година.
Бараме ефикасности економичност за да го поедноставиме нашето работење, продолжуваме со инвестирање и отклучување на порастот на пазарот во Виетнам, истакнуваат од компанијата.
Извор: ESM magazine
Фото: Pexels
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.